Скопската обиколница затворена за сообраќај
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози.
ИЗМЕНА НА РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Согласно Одобрението 11-уп-87/4 од Министерство за транспорт и врски од 03.09.2015г. и известувањето од Мануфактура продукција известуваме дека за потребите за снимање на филм се воведува времена измена на режим на сообраќај на Делница 3 Автопат 2, кл.„Хиподром“-кл.„Сарај“ (Скопска обиколница) за период на следниве датуми: 07.09.; 08.09.; 09.09.; 10.09.; 11.09.; 14.09.; 15.09.; 16.09.; 17.09.; 18.09.; 21.09.; 22.09.; 23.09.; 24.09.; 25.09.; и 28.09.2015 година од 07:00 до 19:00 часот за секој од наведените датуми.
РАБОТИ НА ПАТ:
- Од АД Гранит известуваат дека поради изведување на градежни работи од 01.09.2015 до 30.11.2015 државниот пат А3 делница Битола - Макази, фаза 1-ва од клучката кај бензинската Лукоил до клучката за с. Ротино, ќе биде затворена за сообраќај, а сообраќајот ќе се пренасочува по стариот пат Битола - Ресен. Пренасочувањето ќе биде обележано со соодветни сообраќајни знаци, согласно на Основниот сообраќаен проект за времен режим на сообраќај.
- Градежното Друштво “Гранит” АД Скопје (Р.Е. Свети Николе – Штип) изведува градежни работи на магистралниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од 26+396,00 до 47+107,00 км. Се планира целосното затворање до целосно завршување на активностите (период од 2 години) на делницата, на потег км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково), со пренасочување на сообраќајот преку регионалниот пат P 1204.
- Поради изведување работи на мостовите и асфалтирање на патниот правец Велес - Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
- Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа:
- од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово,
- и од с.Лозово преку с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково.
На сите овие патни правци за изведувањето на градежните работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците
кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево, Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ: На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа