Началникот на ГШ на АРМ во посета на војниците ангажирани во Порој

Началникот на Генералштабот (ГШ) на Армијата на Република Македонија (АРМ) генерал-потполковник Методија Величковски и командантот на Здружената оперативна команда на АРМ бригаден генерал Васко Ѓурчиновски денеска ги посетија припадниците на инжинерискиот баталјон на АРМ, ангажирани на реконструкција и изградба на мостовите во село Порој, тетовско.

Во присуство на градоначалничката на Тетово Теута Арифи и заменикот на министерот за одбрана Иљми Селами, генералот Величковски истакна дека со изградбата на мостовите во Порој, припадниците на АРМ даваат конкретна помош на месното население, погодено од невремето.

Началникот на ГШ на АРМ ја нагласи подготвеноста на АРМ за помош на цивилното население, во услови на елементарни непогоди, укажувајќи на фактот дека ова е најдобриот начин Армијата да биде поблиску до граѓаните, но и прилика за јакнење на соработката со цивилните структури во Република Македонија.

9500DSC 0116

Искажувајќи благодарност до АРМ, Теута Арифи ја потенцираше одличната соработка со Армијата, при што уште еднаш го истакна ангажирањето на припадниците на АРМ во тетовскиот регион по невремето на почетокот на август годинава.

Припадниците на инжинерискиот баталјон,како што се наведува во соопштението од Канцеларијата за односи со јавноста на ГШ на АРМ, се ангажирани за целосна реконструкција и изградба на двата моста кои ги поврзуваат жителите на Порој, а кои претрпеа големи оштеувања после полавите изминатиот месец, при што е предвидено, во најбрз можен рок, тие да бидат завршени.

 

 

 

 

Оцени ја веста

02.09.2015 - 17:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега