ВИДЕО: Владата ги решава проблемите на граѓаните посочени при средбите со премиерот Груевски

Посочените проблеми од страна на граѓаните при средбите со премиерот Груевски продолжуваат да се решаваат.

По решавањето на повеќето проблеми на жителите во мавровско-реканскиот крај, при што беа ангажирани повеќе владини институции, Владата на вчерашната седница продолжи да ги разгледува посочените проблеми и да работи на изнаоѓање решенија за истите.

Во однос на барањето на жителите од Жировница за овозможување услови за изградба на паркинг простор на локацијата каде се наоѓа објект на министерството за внатрешни работи, Владата на вчерашната седница го разгледуваше истото. 

При посетата на Жировница, кога граѓаните го посочија овој проблем, премиерот уште од терен веднаш го повика телефонски министерот Чавков.

Владата расправаше на седница за ова барање на граѓаните и донесе одлуки со кои им се овозможува на локалната самоуправа и на граѓаните да го уредат посочениот простор на начин за кој тие сметаат дека е најдобар.

-На владина седница беше расправана оваа тема која што ја посочија граѓаните како предизвик и веќе се донесени одлуки со кои што постоечкиот објект кој го посочија граѓаните е доделен на локалната самоуправа, а на следната владина седница ќе биде доделено и самото земјиште на кое се наоѓа тој објект. Така, општината Маврово-Ростуше заедно со граѓаните ќе може самите да одлучат како сакаат да го уредат тој простор, дали сакаат таму паркинг како што сами истакнаа или да го уредат на друг начин ќе биде комплетно нивна одлука, истакна Ѓорѓиев.

Истовремено, на владината седница се разговараше и за посочениот проблем од жителите на општина Студеничани, а во врска со задоволување на големиот интерес за огревно дрво, за што беа дефинирани неколку мерки кои се во насока на подобрување на состојбите и во оваа област.

Имено, во однос на потребата за зајакнување на капацитетите на ЈП Македонски Шуми, што би значело поголем капацитет на лица кои би вршеле сеча на дрва и со чија помош би се обезбедиле поголеми количини на дрва на пазарот, веќе е објавен оглас за ангажирање на 75 лица секачи и дотурачи на определено време до крајот на годинава, а за останатите лица кои 252 лица кои работата како секачи и дотурачи и кои беа ангажирани на претходно објавен оглас ќе им биде продолжен договорот.

Заинтересираните лица може да се пријават во Македонски Шуми, а платата на лицата кои би биле ангажирани, која се содржи од основната плата и од бонусите за натфрлање на нормата може да достигне до неколку десетици илјади денари.

За овие мерки говореше директорот на Македонски Шуми, Жарко Караџоски.

Решен е и проблемот на жителите на селата и сопствениците на приватни шуми кои бараа поголема ефикаснот на институциите во издавањето на дозволи за сеча на шумите за приватни потреби. По насока на владата македонски шуми ги зголеми своите капацитети за издавање на овие дозволи и сега истите може да се добијат во многу кратко време.

 

 

Оцени ја веста

02.09.2015 - 16:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега