Курир: Катерина Цаневска Арсовска лажно се претставувала како градежен инспектор - сакала да влезе во новата зграда на ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролката на Андреј Жерновски, поранешната новинарка на А1 телевиизја Катерина Цаневска Арсовска денеска лажно се претставувала како градежен инспектор, пишува Курир.

Имено, според Курир, за време на денешната инспекција од страна на општина Центар на новото седиште на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Цаневска-Арсовка лажно претставувајќи се како градежен инспектор се обидела заедно со инспекцискиот надзор да влезе во зградата.

Опозициската новинарка по локалните избори во 2013 година беше наградена за лојалноста кон партијата. По згаснувањето на телевизијата на Велија Рамковски, оваа новинарка работеше во порталот А1он и на телевизија Шутел. Творејќи за медиуми под закрилата на СДСМ, Цаневска-Арсовска, според нејзините наредбодавци, заслужи поголема функција. Од фунција на портпарол на општина Центар, Цаневска- Аросовка сега стигна доттаму и лажно да се претставува како градежен инспектор.

Инаку, ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираше дека хаус-мајсторот Кочо Стојчевски, кој преку ноќ стана раководителот на Секторот за инспекциски работи на Општина Центар, односно Андреј Жерновски го назначи за главен инспектор, не само што манипулира, туку и не ја знае работата на еден инспектор.

-Хаус-мајсторот Кочо Стојчески е најбогатиот хаус-мајстор во Македонија, вози Ауди А5 од над 40. 000 евра, потоа е сопственик на градежна компанија која соработувала со општина Центар. Ова е хаус-мајсторот кој што најбрзо напредувал во својата кариера поради блиски релации со партиските структури и Градоначалникот Андреј Жерновски, а исто така како награда за својата работа добил семејно повластување на неговата сопруга како член во УО на градинката “Кочо Рацин”. Ова е еден пример како може човек близок до Градоначалник да напредува во својата кариера дури и за десет скалила, а притоа единствена заслуга за напредокот да му е пријателството со Градоначалникот, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата нагласуваат дека врз основа на закон за настрешницата Град Скопје има издадено решение и за тоа, по претходно прашање на општина Центар, Град Скопје има доставено соодветен одговор до нив со целосна фактографија, што уште еднаш потврдува дека Кочо Стојчески не само што манипулира, туку и не ја знае работата на еден инспектор, а Жерновски повторно се обидува со паушални постапки каде што нема никакви законски неправилности, единствено желба на хаус-мајсторот да го посети седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, да ја покрие својата неработливост и изневерување на довербата кај граѓаните бидејќи освен афери, Жерновски нема ништо други реализирано во општина Центар, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Оцени ја веста

02.09.2015 - 16:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега