Обврската да се вози со запалени светла и дење сепак останува

- Одредбата да се вози со запалени светла најверојатно ќе се применува и натаму. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на денешната јавна дебата за Предлог-законот за безбедност на сообраќајот на патиштата најави дека ќе поднесе амандаман со кој ќе бара и натаму да остане обврската возилата да се управуваат со запалени светла и дење, пренесува МИА.

Пратениците, но и претставници на неколку здруженија сметаат дека возилата треба да се управуваат со запалени светла бидејќи на тој начин се зголемува безбедноста во сообраќајот.

Амандамни за овој закон освен ВМРО-ДПМНЕ најави и независната пратеничка Роза Топузовка Каревска, која смета дека текстот треба да претрпи измени. И таа смета дека сите треба да возат со запалени светла. 

Нола Исмајловска-Старова смета дека оваа одредба треба да остане, но и дека треба да се разгледа одредбата која се однесува на малолетниците кои сакаат да добијат дозвола за управување автомобил, но и други членови од законот. 

Претставникот на Мото заедницата Благоја Мартиновски рече дека Според него, безбедноста во сообраќајот е зголемена кога се вклучени светлата на возилото. Во законот, како што кажа, треба да биде наведено дека мотоциклистите мора да носат кацига, која задолжително треба да поседува безбедносен сертификат. Побараа лица кои поседува „Б“ возачка дозвола да имаат право да управуваат и скутери до 125 кубни сантиметри, а Мартиновски вели дека за мотоциклистите нелогичен е и членот 277 што се однесува на возач почетник.

На јавната дебата за Предлог-законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, што ја организираше Националниот совет за евроинтеграции, беа изнесени бројни забелешки за законот како од пратениците така и од претставници на здруженија.

 

 

Оцени ја веста

02.09.2015 - 16:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега