Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ со хуманитарна акција по повод 1-ви Септември

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во сите Општински комитети на територија на Република Македонија реализираше хуманитарна акција за помош на многудетни семејства и семејства во социјален ризик во пресрет на почетокот на новата учебна година.

Со особено задоволство можам да кажам дека денес на првиот училишен ден Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во сите oпштини реализираше хуманитарна акција за донација на школски прибор на многудетни семејства и семејства во социјален ризик. Среќна сум што во многу Општини посетивме токму семејства во кој има повеќе дечиња во Аеродром семејство со 8 дечиња, Кисела Вода семејство со 9 дечиња, Кратово семејство со 4 дечиња, Делчево семејство со 4 дечиња и многу други. Владата на ВМРО-ДПМНЕ во континуитет спроведува реформи и мерки во насока на зголемување на наталитетот во Република Македонија. Успешноста на овие реформи се гледа и од денешната посета остварена во Општините и зголемениот број на првачиња кои седнаа во училишните клупи. – изјави Даниела Рангелова претседател на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и во наредниот период ќе продолжи со организација и поттикнување на хуманитарни акции со цел да се помогне на оние на кои им е потребна помош.

 

 

Оцени ја веста

02.09.2015 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега