Повторно пекол - температури до 38 степени

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со слаб југоисточен ветер. Во попладневните часови локално ќе има зголемување на облачноста и услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, особено повеќе услови ќе има во западните планински предели.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 19, а дневната од 32 до 38 степени.

Во Скопје слично време, сончево и топло со мала до умерена облачност, а ќе дува и слаб североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе се искачи до 36 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во охридско-преспанскиот регион ќе има зголемување на облачноста, можен е и краткотраен дожд со ретки грмежи.

Во дојранскиот регион ќе биде претежно сончево со мала облачност. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 37 степени.

Продолжува период на доста топло време за овој период од годината. Позначителна промена на временската состојба барем засега се очекува во недела кога ќе има и поголем пад на температурата, зголемување на облачноста и повремени локални врнежи од дожд.

 

 

Оцени ја веста

02.09.2015 - 08:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега