Ваков почеток на септември не очекувавме - еве какво ќе биде времето

Времето утре ќе биде сончево и топло со слаб ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има извесно зголемување на облачноста и услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, особено во западните планински предели. Утринската температура во земјава ќе биде во интервалот од 12 до 19, а дневната од 31 до 38 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.

Во Скопје утре времето ќе биде сончево и топло со слаб ветер од југоисточен правец и со мала локална облачност. Попладне ќе има извесно зголемување на облачноста а не е исклучена можноста за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе достигне до 36 степени.

Во наредните денови времето ќе биде доста топло за овој период од годината. Позначителна промена на времето со поголем пад на температурата се очекува од понеделник.

 

 

Оцени ја веста

01.09.2015 - 17:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега