ВИДЕО: Овој телефон е невозможно да го оштетите и хакирате
Сознанието дека Андроид е полн со сигурносни „дупки“, па многу веројатно е некому да му се упадне во телефонот, беше причина да се создаде телефон со врвна изработка, наменет пред се за „high-end“ купувачите.
Како што пишува N1, една од првите компании во оваа област е Turing Robotics, која продажбата на својот телефон наречен Turing Phone ја најави за 18 декември, точно на премиерата на новиот филм Star Wars.
Направен е од течен метал, за која производителот тврди дека е поотпорен од челик и титаниум заедно. Уредот има екран од 5.5 инчи, заштитен со Gorila IV стакло, што во теорија значи дека би требало да спречи секакво оштетување.
Turing Robotics има големи надежи во крипто-заштитата, која ја има нивниот чип, а која треба да спречи хакирање, како и прислушување на телефонот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа