Препораки до родителите за безбедноста на децата во сообраќајот

По повод почеток на новата учебна година Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упати препораки до родителите и децата за поголема безбедност на децата во сообраќајот и нивна заштитита. 

- Статистичките податоци укажуваат дека бројот на загинати деца во сообраќајни незгоди е недозволиво висок  и дека учеството на децата во вкупниот број загинати лица во сообраќајки покажува тренд на  зголемување што  ја наметнува потребата за преземање соодветни мерки за поголема безбедност на децата во сообраќајот, се наведува во соопштението.

Во тој контекст се укажува дека децата се учесници во сообраќајот, во кој се кријат опасности и затоа е потребно да се советуваат оти местата  каде се одвива сообраќајот не се места за играње.

- Децата не смеат да истрчуваат зад паркираните или запрени возила, затоа што возачите не можат да ги забележат, децата секогаш се движат по тротоар и што е можно подалеку од улица, на улици без тротоари децата  секогаш треба да  се движат по левата страна, и задолжително  во колона, доколку се движат во група, улицата секогаш треба да се преминува  на пешачки премин и само на зелен пешачки семафор. Задолжително пред да се помине улицата да се погледне лево и десно, советуваат од РСБС.

Воедно, се нагласува дека родителите се најодговорни и треба да внимаваат на младите активни учесници во патниот сообраќај било како возачи или како родители, пред се, да влијаат со личниот пример, како многу важна сообраќајно - воспитна компонента. 

- Родители во вас е најголемата одговорност.  Без оглед на фактот дека  децата се едуцираат за  безбедно учество во сообраќајот уште во предучилишни институции, и  понатаму продолжуваат  и во основните училишта, улогата на родителите е најважна и незаменлива. Во рамките на подготовката на децата за училишната година потребно е на детето да му се покаже најбезбедниот и најкраткиот пат од дома до училиште и обратрно. Да се објаснат основните сообраќајни правила   и посебно да се укажа на потенцијалните опасни места и опасни ситуации.  Доколку го носите вашето дете во училиште со автомобил секогаш користете детско седиште, сигурносен појас и никогаш  не го превезувајте вашето дете на предното седиште. Секогаш пред училиште пречекувајте ги вашите деца во училишниот двор, а не преку улицата. Да внимаваме на децата во сообраќајот затоа што нивната безбедност во сообраќајот е наша одговорност, укажуваат од РСБС. 

 

 

Оцени ја веста

01.09.2015 - 14:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега