Битолската болница ќе се реконструира целосно - инвестиција вредна 130 милиони денари
Објектот на Битолската болница до октомври следната година ќе добие комплетно нов надворешен и внатрешен изглед. Идејното решение е избрано, тендерот за изведувач на работите е објавен, а инвестицијата за реконструкција на овој објект на Министерството за здравство изнесува 130 милиони денари, пренесе МИА.
Министерот за здравство Никола Тодоров на денешната прес -конференција информираше дека реконструкцијата ќе се изведува во две фази. Првата фаза ќе го опфати надворешниот дел, односно поставување енергетски ефикасна фасада, промена на кровот и прозорите, а втората фаза ќе се однесува на внатрешноста на болницата.
Тодоров смета дека со реконструкцијата ќе се подигне стандардот и квалитетот на болницата. Како што рече Тодоров, досега во болницата се вршени неколку обновувања, но ова е прва посериозна реконструкција.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа