Јолевски и Бејли ќе ја посетат билатералната воена вежба на Криволак
Министерот за одбрана Зоран Јолевски придружуван од американскиот амбасадорот Џес Бејли, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски и Командантот на Здружената оперативна команда на АРМ бригаден генерал Васко Ѓурчиновски, денеска на Армискиот полигон „Криволак“ ќе ја посетат билатералната воена вежба „Operation Phalanx-MACEDONIA“.
На вежбата „Operation Phalanx-MACEDONIA“ која почна на 28 август и ќе трае до 6 септември учествуваат припадници на декларираната чета на Воена полиција (ВП) од составот на баталјонот на ВП на АРМ и припадници на Воената полиција од Армијата на САД.
За време на посетата, како што соопшти Министерството за одбрана, пред гостите ќе бидат прикажани различни содржини и практични форми на воено-полициска обука, како што се: работа на контролна точка, справување со толпа, борба во урбана средина, патролирање, како и основно и напредно гаѓање со автоматска пушка М4 која е во вооружување на Армијата на САД.
Вежбата и заедничката обука помеѓу припадниците на АРМ и Армијата на САД претставува континуитет на одличната соработка помеѓу двете армии, но и можност за подигнување на нивото на интероперабилност и оперативна способност на декларираната чета на ВП, чие оценување (НАТО, Ниво 2) ќе се спроведе во наредниот период.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа