Земјотрес го стресе Охрид

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска во 18 часот и 41 минути регистрира земјотрес чиј епицентар се наоѓа во соседна Грција, околу 30 km јужно од Битола, односно околу 137 km јужно од Скопје и е со јачина од 3.6 степени според Рихтеровата скала.

Според досегашните макросеизмички податоци, овој земјотрес е почувствуван во јужните делови од Р. Македонија, односно Охрид, Битола и Ресен со интензитет од IV степени според Европската макро-сеизмичка скала–1998. 

 

 

 

Оцени ја веста

27.08.2015 - 19:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега