ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ продолжува да лаже и манипулира со законски решенија

Очигледно е дека СДСМ продолжува да изнесува лаги и манипулира со законски решенија кои се донесени во Парламенот на седници на кои тие воопшто не ни присуствуваат, а земаат редовно плата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на владејачката партија

ВМРО–ДПМНЕ секогаш преку транспаретен процес во кој се вклучени граѓаните носи законски решенија се со цел да се подобри квалитетот на живот и да се подигне стандардот на граѓаните. Во една таква постапка беа усвоени и донесени измените во Законот за постапување на бесправно изградените објекти со кои многу граѓани во Република Македонија засекогаш ќе го решат сопственичкото право на објектите.

Очигледно на СДСМ воопшто не им е гајле за граѓаните што ќе ги легализираат објектите покрај струшкото, охридското и преспанското крајбрежје, потоа Тиквешкото езеро и останите вештачки езеро низ Република Македонија.

СДСМ пробува да ја изманипулира јавноста. Не е точно дека Општините ќе бидат прескокани и нема да учествуваат во реализација на законот. Пратениците на СДСМ не присуствуваа на работата на собраниските комисии па и на седниците,  па и оттаму не се информирани дека со овој закон ќе имаат можност да легализираат објекти само тие што претходно имале поднесено барање во општините и за кои постапката ја спроведуваат самите општини. Притоа покрај природните езера ќе се легализираат само индивидуалните куќи за домување кои постојат веќе педесетина година, а не и другите видови на објекти кои се наоѓаат во овие подрачја.

СДСМ изнесува лаги кога вели дека во овие реони нема да се градат водоводи, канализации и улици, напротив во Законот не забранува изградбата на инфраструктурани објекти од овој тип. Со ова дополнително ќе се стимулира изградба на водоводи, канализации, патишта.

Зошто СДСМ имаат против на граѓаните да им се даде можност после 30, 40 и повеќе години да станат сопственици на својот имот  да можат да стопанисуваат со истиот.

ВМРО-ДПМЕ како партија е посветена на решавање на проблемите со кои се соочуваат граѓаните. Пример за тоа е Законот за легализација на бесправно изградени објекти кој беше донесен во 2011 година, а произлезе како барање од грѓаните. Преку овој закон досега се легализирани и запишани во катастарот преку 130.000 објекти.

 

 

Оцени ја веста

27.08.2015 - 17:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега