Песни и ора во Берово - започна фестивалската еуфорија

На плоштадот "Димитар Беровски" во Берово денеска започна шестото издание на Етно плоштад фестивалот.

Фестивалот свечено беше отворен од страна на градоначалникот на општина Берово Драги Наџински, кој најави едно исклучително фестивалско издание со богата културна програма и доста познати музички имиња.

Градоначалникот ја искористи можноста од сцената на Етно фестивалот да ја даде својата поддршка на оние семејства од Берово кои во 2015 година добиле трето дете да им додели парична помош од општина Берово.

335000DSC 0395

Свое излагање на официјалното отварање на фестивалот имаше и претседателот на општина Брус Милутин Јеличич.

На културната сцена отварањето се претставија КУД "Димитар Беровски" од Берово, КУД "Фрула" од Брус – Србија, како и балетската група "Пинџур" од Берово предводена од Паола Блантон која по потекло е од Берово, но долги години живее и работи во Бразил.

Со отворањето на фестивалот, официјално отворен беше и саемот на традиционални производи "Малешевијата на дланка".

665000DSC 0404

Етно плоштад фестивалот оваа година ќе понуди богата култуно – уметничка програма која ќе ги задоволи сите музички вкусови, но ќе биде задржан концептот на препознатливиот музички звук на самиот фестивал.

За вечерва се планирани настапите на балкнската мега ѕвезда Здравко Чолиќ, кралицата на ромската музика Есма Реџепова и неповторливите Уска Кан од Берово.

 

 

Оцени ја веста

27.08.2015 - 17:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега