За само еден ден две трагедии го потресоа Прилеп
Прилепчанец си го одзеде животот со бесење во својот дом. Неофицијално причините за самоубиството се финанскиски проблеми.
Во текот на вчерашниот ден пациент се фрлил од прозор на прилепската болница. Според информациите на Канал 5 , 62-годишниот пациент бил од Прилеп.
Поради повреди на вратот побарал и бил примен на лекарски третман во хирушкото одделение. При интервенција на медицинскиот персонал за санирање на повредите на вратот,тој од засега непознати причини станал од хируршкиот стол и преку прозорец се фрлил од вториот кат на болницата.
Од прилепската болница информираа дека веднаш му била укажана лекарска помош и бил ставен на апарати за реанимација, но по неполн час тој починал.
Надлежните истражни органи работат на утврдување на причините како пациентот се фрлил низ прозор од хирушкото одделени на болницата и починал.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа