Товарно возило се запали во Битола
Автомобил се запали завчера во Битола.
На улицата „Македонска“ бб завчера околу 21:40 часот во Битола се запали паркирано товарно моторно возило „Сеат Инка“, сопственост на ДООЕЛ „Бтвнет“ со седиште во Скопје.
Од пожарот се запали хаубата, дел од моторот, предното лево крило и предното лево тркало.
Битолската пожарна реагира навреме, па пожарот го локализираа.
Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР-Битола, а причинетата материјална штета дополнително ќе биде утврдена.
Оцени ја веста
23.08.2015 - 15:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа