Искрена исповед: Овие тајни ги знаат само проститутките
Една проститутка од Невада ги соопшти сопствените искуства и со тоа ја промени сликата која светот ја има за простутуцијата.
„Мојата работа не е лесна. Смените траат по 12-14 часа на ден и во тоа време закажувам и одржувам хигиена. Се наоѓам со клиентите, се обидувам да дознаам што сакаат и што ги возбудува“, изјави проститутката.
„Јас работам во Невада и секоја жена која се проституира еднаш неделно оди на задолжителен преглед. Никогаш не се лсучило во јавната куќа да се појави сида. Користиме кондоми за секоја наша услуга, вклучувајќи и орален секс. Кај нас доаѓаат луѓе кои толку работат што не стигнуваат да се посветат на приватниот живот. Нашите клиенти се ценети деловни луѓе и не третираат со почит, како и ние нив“, раскажува проститутката и додава:
„Оваа работа е посебна бидејќи ги гледаме луѓето во најинтимните моменти - голи додека зборуваат за своите желби, кои со години сакале да им се остварат. Никогаш не се каам што одам на работа и добро се чувствувам кога некој ќе задоволам. Луѓето претпоставуваат дека сите жени кои се занимаваат со проституција имаат проблеми со семејството, родителите, дрогата, но не е така. Тоа мислење мора да се промени бидејќи оваа е вредна професија, која секогаш ќе постои“.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа