Решена мистеријата за чудовиштето од Лох Нес?
Легендите за чудовиштето од Лох Нес ги има со години, но сепак никој никогаш не докажал дали ова чудовиште навистина постои или не.
Според новата теорија која потекнува од италијанскиот геолог Луиџи Пикарди, главниот виновник за создавањето на митот за чудовиштето од Лох Нес е всушност огромна пукнатина скриена под езерото.
- “Многу последици кои се видливи на површината можат да се поврзат со оваа голема подводна пукнатина“, вели Пикарди.
- “Знаеме дека во текот на третата деценија од 20-от век активноста на пукнатината го достигнала својот врв, и се што луѓето виделе всушност биле само последици кои подземните земјотреси ги оставале на површината од водата“, додава геологот.