Александар Митрески: Само независни пратениции и електронско гласање ќе ги мотивираат иселениците

 

Македонците од дијаспората мора да имаат свои претсавници во Парламентот и начинот на подобрување и на бројот на регистрирани гласачи и влијанието на тие пратеници треба да биде предмет на разговори. Обединетата македомнска дијаспора, како најмасовна организација на македонските иселеници, смета дека електронски ситестем на гласање е најсоодветно решение, како и деполитизација на пратениците од дијаспората. Александар Митрески, потпретседател на ОМД, во интервју за Прес24, вели дека неговата посета на Македонија и средбата со партиите покажала дека таа цел може да се постигне.

-Ние сметаме дека кандидатите за пратеници кои би ги претставувале Македонците надвор од Македонија треба да бидат независни пратеници и да не припаѓаат на ниту една  од политичките партии во Македонија. Кандидатите за пратеници треба и понатаму да бидат жители на таа изборна единица а не кандидати кои моментално живеат во Република Македонија. Треба да се работи да се намали политизирањето на дијаспората, нема потреба од нови поделби, вели Митрески во интервјуто за Прес24.

Тој потенцира дека правото на глас е уставна категорија и затоа за македонските иселеници нема никаков простор за оганичување, или пак одложување на правото на глас.

-Член 22 од уставот на Република Македонија го гарантира правото на глас на сакој државјанин на Република Македонија кој има наполнето 18 години. Овој член од уставот важи за државјаните кои живеат надвор од Република Македонија, затоа државата треба да најде начин како тоа гласање да биде полесно и поефективно за сите. Воопшто не смее да се дискутира дали овие државјани треба да гласаат туку како. Во моите состаноци со СДСМ, тие наведоа дека нивната партија не го покренала прашањето за гласање на дијаспората, така што можеби ова прашање е покренато од албанските партии или од Европската Унија.  Опцијата за одложување, што технички би значело привремено укинување, на правото на глас на дијаспората е демократски несфатливо и за нас е неприфатливо, вели потпретседаетлот на ОМД.

Митрески смета дека има доволен временски период да се пристапи кон електронски систем на гласање. Тој во интервјуто го опишува процесот како тој би се одвивал и искуството на други држави.

-Важно е да се напомене дека слабиот одзив на Македонците кои живеат надвор од Македонија не се должи на нивната незаинтересираност туку на фактот што многу од нив би морало да патуваат стотици километри. На дел од дијаспората не и се допаѓа тоа што мораат да гласаат за политичка партија наспроти гласање искучиво за независни кандидати. Од оваа причина, ОМД се залага за олеснување на процесот на гласање, а како механизам кој би довел до тоа, ја предложивме идејата за електронско гласање. Ова би го зголемил бројот на гласачи, би ги намалил трошоците за оддржување на избори во дијаспората, и всушност претставува потенцијален начин за овозможување еднаквост на гласовите и попрецизно рефлектирање на гласот на Македонците кои живеат надвор од Македонија.

Процесот на гласање би бил многу едноставен.  Државјани на Република Македонија кои не престојовуаат барем 8 месеци (или некој сличен рок) од годината во државата ќе мораат да ја регистрираат нивната адреса каде живеат во странство. Оваа адреса ќе служи со цел Државната Изборна Комисија да регулира во која изборна единица (Европа, Америка или Австралија) гласачот треба да гласа. Истотака со ова регистрирање може да се лимитира бројот на регистрирани гласачи на една  физичка адреса (на пример 6). Ова регистрирање може да се одвива во текот на Јануари. До крајот на Февруари ДИК ќе може да ги верификува сите овие информации. До крајот на март, ДИК би испратиле писмо до секој регистриран гласач со уникатен код кој овој гласач би го искористил да гласа на изборите во април. Процесот на електронско гласање е веќе испробан односно имплементиран во низа земји, како на пример Норвешка, Естонија, Индиа, Швајцарија итн. Постојан готови системи кои може да се изнајмат од странски или домашни фирми кои веќе ова го работеле, вели Александар Митрески, потпретседател на ОМД во интервју за Прес24.

Митрески одговара и на прашања поврзани со организацијата на македонците, нивното инвестирање во матичната држава, како и за македонскиот глас меѓу светската политичка елита.

ПРЕС24: Прашањето за правото на глас на дијаспората повторно се наметнува како аклтуелна тема во рамки на преговорите меѓу партиите.  Вие, но речиси сите организации на иселениците остро реагоравте. Официјално се уште нема никаква информација дека гласањето на дијаспората е доведено во прашање. Дали овие реакции се од предупредувачки аспект?

МИТРЕСКИ: Ние во медиумите прочитавме дека една од темите за дискусија на состанокот на првата работна група меѓу потписниците на договорот од Пржино ќе биде и гласањето на Македонците кои живеат надвор од Македонија. Како најголема меѓународна организација која ги застапува правата и интересите на Македонците надвор од Македонија, ОМД има обврска да се произнесе по ова прашање и тоа и го направивме.

ПРЕС24: Имавте средби и со дел од партиите во Македонија за време на вашиот престој сега овде. Кои се нивните ставови?

МИТРЕСКИ: Во моите средби со ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДОМ, сите три партии сметаат дека дијаспората треба и понатаму да гласа.  ДОМ отворено се залага за идејата да има електронско гласање за дисјаспората, а овој проект е дел и од програмата на ВМРО-ДПМНЕ.

ПРЕС24: Една од опциите кои се споменуваат во јавоста е правото на глас на дијаспората да биде одложено додека не се дефинирата прецизни правила на игра. Опозицијат вели дека тоа е и препорака на Европската Унија, во рамки на извештајот на Прибе. Зошто стравувате дека ако на овие избори изостане гласањето на дијаспората, тоа може да се случува и понатаму во недоглед?

МИТРЕСКИ: Член 22 од уставот на Република Македонија го гарантира правото на глас на сакој државјанин на Република Македонија кој има наполнето 18 години. Овој член од уставот важи за државјаните кои живеат надвор од Република Македонија, затоа државата треба да најде начин како тоа гласање да биде полесно и поефективно за сите. Воопшто не смее да се дискутира дали овие државјани треба да гласаат туку како. Во моите состаноци со СДСМ, тие наведоа дека нивната партија не го покренала прашањето за гласање на дијаспората, така што можеби ова прашање е покренато од албанските партии или од Европската Унија.  Опцијата за одложување, што технички би значело привремено укинување, на правото на глас на дијаспората е демократски несфатливо и за нас е неприфатливо.

ПРЕС24:  Сепак, досегашното искуство покажа доста слабости во гласањето на дијаспората. Главен момент е слабиот одзив. Како според Вас да се надминат тие проблеми. Ја заговарате идејата за електронско гласање. Што точно мислите со тоа?

МИТРЕСКИ: Најпрвин, важно е да се напомене дека слабиот одзив на Македонците кои живеат надвор од Македонија не се должи на нивната незаинтересираност туку на фактот што многу од нив би морало да патуваат стотици километри. На дел од дијаспората не и се допаѓа тоа што мораат да гласаат за политичка партија наспроти гласање искучиво за независни кандидати. Од оваа причина, ОМД се залага за олеснување на процесот на гласање, а како механизам кој би довел до тоа, ја предложивме идејата за електронско гласање. Ова би го зголемил бројот на гласачи, би ги намалил трошоците за оддржување на избори во дијаспората, и всушност претставува потенцијален начин за овозможување еднаквост на гласовите и попрецизно рефлектирање на гласот на Македонците кои живеат надвор од Македонија. Електронското гласање значи дека Македонците кои живеат надвор од Македонија не би морало да патуваат стотици километри, туку би можеле да гласаат преку интернет од својот компјутер. Секако, постојат различни механизми за идентификација на гласачите, преку лична карта, пин код, електронски потпис и сл.

ПРЕС24: Како би се одвивало тоа електронско гласање?

МИТРЕСКИ: Процесот на гласање би бил многу едноставен.  Државјани на Република Македонија кои не престојовуаат барем 8 месеци (или некој сличен рок) од годината во државата ќе мораат да ја регистрираат нивната адреса каде живеат во странство. Оваа адреса ќе служи со цел Државната Изборна Комисија да регулира во која изборна единица (Европа, Америка или Австралија) гласачот треба да гласа. Истотака со ова регистрирање може да се лимитира бројот на регистрирани гласачи на една  физичка адреса (на пример 6). Ова регистрирање може да се одвива во текот на Јануари. До крајот на Февруари ДИК ќе може да ги верификува сите овие информации. До крајот на март, ДИК би испратиле писмо до секој регистриран гласач со уникатен код кој овој гласач би го искористил да гласа на изборите во април. Процесот на електронско гласање е веќе испробан односно имплементиран во низа земји, како на пример Норвешка, Естонија, Индиа, Швајцарија итн. Постојан готови системи кои може да се изнајмат од странски или домашни фирми кои веќе ова го работеле.

ПРЕС24:  Како да се мотивираат иселениците за да се пријавуваат за изборите?

МИТРЕСКИ: Мала е веројатноста да можеме да ги мотивираме Македонците кои живеат во Лос Анџелес да гласаат, бидејќи најблиското место каде што би можеле да го искористат своето право на глас е Чикаго, што значи дека за истото би морале да патуваат 5600 километри. Од таа причина, јас верувам дека олеснување на самиот процес на гласање за Македонците надвор од Македонија, е првиот и всушност најголемиот чекор кој мора да се превземе за мотивирање на иселениците да се пријават за гласање. Гласање за независни пратеници истотака би помогнало да се намали политизираноста на дијаспората со што овие пратеници би ја имале дијаспората на прво место а не партијата.

ПРЕС24: Каква е реалната слика, колку Македонци брои македонската дијаспора?

МИТРЕСКИ: Тешко е да се процени колкава е таа бројка. Целата дијаспора вклучува Македонци од втора, трета, четврта генерација кои можеби не поседуваат валидно Македонско државјанство. Нашата организација се залага Македонци cо валидно државјанство кои живеат надвор од државата да имаат право на глас. Оваа бројка е значително помала од севкупниот број на жители со Македонско потекло кои живеат во светот.  

ПРЕС24: Дали според Вас треба да остане и концептот на избор на пратеници од дијаспората како што е сега, или пак може да се размислува на варијантата за право на глас, но за веќе постојните кандидати од Македонија, или пак за варијанта за основање на партии во дијаспората кои би се натпреварувале за оние три пратенички места?

МИТРЕСКИ: Ние сметаме дека кандидатите за пратеници кои би ги претставувале Македонците надвор од Македонија треба да бидат независни пратеници и да не припаѓаат на ниту една  од политичките партии во Македонија. Кандидатите за пратеници треба и понатаму да бидат жители на таа изборна единица а не кандидати кои моментално живеат во Република Македонија. Треба да се работи да се намали политизирањето на дијаспората, нема потреба од нови поделби.

ПРЕС24: Колку реално можат тројца пратеници да бидат влијателни во Македонскиот парламент како репрезенти на дијаспората?

МИТРЕСКИ: Да не ја потценуваме моќта на пратениците. Три пратеници имаат реална моќ да го пресликаат и реализираат гласот и мислењето на Македонците надвор од Македонија за прашања кои директно не засегаат. Голем дел од законодавниот процес се одвива во министерствата каде промени на законот започнуваат и таму пратениците можат да покренат некое прашање кое понатаму ќе се разгледа, финализира и гласа во парламентот. Тоа е најголемата придобивка со постоењето на вакви пратеници кои ќе водат сметка да се подобрат законите за Македонците кои живеат надвор од неа. Се надевам дека целата Република Македонија би станала една изборна единица и би имало отоврени листи каде пратениците ќе ги имаат во прв план гласачите од нивните изборни единици а не партијата.

ПРЕС24: Велите дека дијаспората е значаен елемент за промоција на Македонија и дека учествиува со околу 20 % од БДП. На што ги темелите овие податоци?

МИТРЕСКИ: Овие податоци се темелат на податоците од Светска Банка, а всушност и на податоците од Стопанската Комора на Македонија.

ПРЕС24: Меѓу македонската дијаспора има многу моќни, влијателни, но и богати бизнисмени, но речиси никој од нив се одлучува да инвестира во Македонија. Зошто?

МИТРЕСКИ: Еден од клучните фактори за тоа дали еден бизнисмен ќе се реши да инвестира во дадена држава е правната инфраструктура и независно судство. Имено, некомпромитирачка де-факто заштита на правото на сопственост и довербата во институциите се од круцијална важност инвеститорот да се чувствува сигурен дека неговата инвестиција нема да пропадне заради тоа што економски е конкуретен, но е прегазен од нефункционалност на системот. На ова поле Македонија мора да направи реформи со кои навистина ќе постои независно судство. Македонската влада има направено многу кога се во прашање директни економски стимулации за странски инвестиции како намалувањето на даноците, но мора да работи и на полето на зголемување на довербата во институциите.  

ПРЕС24: ОМД е најголемата и најоранизирана организација на Македонците во дијаспората, но сепак постојат и многу други организации. Зошто недостасува поактивно обединување на дијаспората?

МИТРЕСКИ: Најпрвин, фактот што постојат други организации не значи дека дијаспората е поделена. Македонците надвор од Македонија, слично како и Македонците кои живеат во Македонија, честопати имаат различни ставови за различни прашања, или пак сакаат нивната организација да биде посветена само на еден сегмент од општествоото како на пример култура, човекови права, или пак економија. Тоа е одраз на демократија и е сосема во ред. Од самиот почеток нашата организација се залагала за соработка со сите останати македонски организации ширум светот и со многу од нив имаме одлична соработка. Се додека ОМД и останатите организации работат за македонски интереси тоа е позитивен допринос за Македонија. ОМД отсекогаш се залагала за формирање на Министерство за Дијаспора, како во Словенија и Израел. Министерството би имало за цел да го заштити македонскиот идентитет, јазик и култура, да биде мост помеѓу дијаспората и нејзината историска татковина, и позитивно да влијае врз надворешната политика во државите каде живеат македонските иселеници.

ПРЕС24: Реално ОМД придонесе значајно за промоцијата на Македонија, но некако фокусот е само на Американскиот континент. Во Европа, каде исто така е потребнен гласот на македонските иселеници, тој како да воопшто го нема?

МИТРЕСКИ: Една од нашите цели е во блиска иднина да отвориме канцеларија во Брисел, и со тоа да изградиме платформа која би го олеснила процесот за кооперација односно заедничка работа помеѓу Македонците во Европа. Но, како организација која целосно се потпира на донации од страна на физички лица, ние поседуваме лимитирани финансиски сретства. За овој проект е потребно подобро поврзување на Македонците низ Европа, на кое работиме, но ќе треба време.

ПРЕС24: Ве прашувам затоиа што Грчката, Српската, Бугарската.. сето тоа се дијаспори кои изгледаат како многу поорганизирани и доста повлијателни во политичкиот свет и на Европа, Америка, а особено Австралија?

МИТРЕСКИ: Иако постои простор за подобрување, јас искрено не се согласувам со тоа дека другите дијаспори се подобро организирани и повлијателни од нашата иако се побројни. Еве на пример ОМД беше една од трите главни организации од дијаспората кои го организираа овогодинешниот конгресен настан за зачувување на емигрантското културно наслетство во Вашингтон. Тоа е големо признание за нашата организација. Со самото постоење на ОМД за овие десетина години направени се огромни придобивки за промовирање на македонските интереси ширум светот и ние ќе продолжиме да работиме со полна пареа. Не смее да се заборави фактот што освен една личност, сите останати членови, активисти и раководството на ОМД се волонтери. Ова покажува колкава е љубовта на дијаспората да и помогне на Македонија.

 

 

Оцени ја веста

10.08.2015 - 10:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега