ДС ја поздравува иницијативата на Груевски за директни преговори со Грција
Демократскиот сојуз смета дека предлогот на премиерот Никола Груевски за директни разговори со Грција е суштински и отвора можности да се деблокираат евро-интеграциските процеси на Република Македонија.
Според ДС, предлогот на Груевски создава услови за многу посериозно и поодговорно да се пристапи кон надминување на вековниот проблем наметнат од Грција, а поврзан со името на државата.
ДС оценува дека само со создавање политичка клима и темелни подготовки можно е да се надминат недоразбирањата кои ги кочат евро-интеграциските процеси на Македонија.
- Доколку почнат вакви разговори, реално е да се очекува дека многу брзо ќе добиеме датум за започнување на пристапните преговори со ЕУ, како и покана за полноправно членство на НАТО, стои во соопштението,
Демократскиот сојуз ги повикува сите политички партии да подржат суштински разговори со Грција и да преземат дел од одговорноста за разрешување на спорот.