ФЗОМ: Буџетот за лекување во странство е неограничен

Годинава 81 пациент добил позитивно решение од ФЗОМ за лекување во странство. За интервенциите и болничките трошоци од касата на Фондот се исплатени 224 милиони денари. Првиот човек на Фондот, вели дека буџетот за оваа намена е неограничен и дека во странство се праќаат сите оние кои неможат да бидат лекувани во земјава, објави МРТ.

-За нас цената на интервенцијата воопшто не е важна. Можеме да потрошиме онолку колку што е потребно за нашите пацинети, доколку стручните лица, професорите во комисиите ја утврдат потребата за лекување во странство, изјави Сашо Стефаноски, директор на Фонд за здравствено осигурување на Македонија за МРТ.

Тој објаснува дека за лекување во странство одлучува комисија составена од професори, а се повикуваат и лекарите кои го лекуваат пациентот во земјава. Комисијата еднаш неделно ги разгледува барањата, но доколку станува збор за итен случај, односно кога пациентот е во живото загрозувачка состојба барањето мора да се реши за два дена. Од пред две години променет е начинот на плаќање за лекување во странство.

-Од еден модел кој се користеше порано, пацинетот да плати 20 проценти од цената на чинење на лекувањето, на иницијатива на Влада тоа се промени. Сега пациентот плаќа само 12.000 денари без оглед колку чини интервенцијата, додава Стефановски.

Според него, ова е од голема важност за пациентите и за нивното лекување, бидејќи некои интервенции чинат и по 300.000 евра.

 

 

Оцени ја веста

07.08.2015 - 18:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега