Во Велес се гради нова патека за кајак на Вардар

На иницијатива и барање на четири велешки кајакарски клубови: КК „Бабуна“,„Вардар“,„Вила Зора “ и „Гемиџии“, а со финансиска поддршка на општина Велес, во близина на Стар Мост во Вардар веќе една година трае изградбата на кајакарската патека.

Како што информира на денешната прес-конференција Роберт Папазов од КК„Бабуна“ патеката долга околу 200 метри треба да биде готова за десеттина дена. За таа цел фирма ангажирана од локалната самоуправа започна да носи големи камени блокови кои треба да служат за насочување на водата, пренесува МИА.

- На тој начин во Велес ќе се создадат услови за подобри тренинзи на кајакарите кои се меѓу најдобри велешки спортисти, а воедно ќе се овозожи и одржување и меѓународни натпревари за кајак од повисок ранг, потенцира Папазов.

Тој појасни дека има направено систем за капиите и мерна кула, како и пристапни скали до водата.

Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев во изјавата за медиумите потенцира дека општината вложувала и вложува во унапредување на спортот во градот. Воедно ги демантира гласините дека во Вардар на ова место кај Стар Мост се исфрла градежен шут,туку дека тоа се големи камени блокови за кајакарската патека.

Како што појасни Роберт Папазов од КК„Бабуна“ оваа кајакарска патека е втора по ранг во Македонија веднаш по најдобрата која се наоѓа на Матка.

Инаку на кајакарската патека во Велес веќе се одржаа два кајакарски натпревари, а на 25 и 26 септември ќе се одржи Отвореното првенство на Македoнија во кајак со учество на кајакарите од Македонија, Србија, Босна и Бугарија, најави Папазов.

 

 

Оцени ја веста

07.08.2015 - 16:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега