Претседателот Иванов е во Охрид, а не во Албанија!

По наводните информации на одредени медиуми дека претседателот Иванов заминал на одмор во соседна Албанија и со глисер го обиколувал јонското крајбрежје, од кабинетот на Иванов за Прес 24 најостро  ги демантираа ваквите информации. 

 Од таму велат дека претседателот Иванов престојува во „Вила Билјана“ во Охрид , каде го поминува  годишниот одмор.  Истовремено, со оглед на тоа дека е покровител на голем дел манифестации кои се случуваат овој период, голем дел од своите обврски  Иванов ќе ги извршува токму во Охрид.

 

 Фотографијата пак,  која ја пласираа дел од медиумите е всушност архивска фотографија направена токму на Охридското езеро.

 

 

Оцени ја веста

07.08.2015 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега