Ги удрил и избегал - четири жени повредени во сообраќајка во Гостивар

Четири жени се повредени во сообраќајна несреќа која вчера околу 21 часот се случила на крстосниците на улиците „ЈНА“ и „Трајко Јовановски“ во Гостивар. Несреќата се случила кога се судриле две патнички возила „Ауди“ со странски регистерски таблици. Едното возило го управувал 21-годишниот гостиварец В.З. а автомобилот марка „Опел корса“ со кој се судрил бил управуван од 20-годишната С.М, исто така, од Гостивар.

Возачот на „Опелот“ и три сопатнички на возраст од 36, 38 и 44 години се здобиле со телесни повреди и со друго возило биле пренесени во гостиварската болница. По укажаната помош, пуштени се на домашно лекување.

Првично, причина е неприлагодена брзина, додека вкупната материјална штета се проценува на 60 илјади денари.

Возачот, кој го напуштил местото на несреќата, набрзо е пронајден и обезбеден.

 

 

Оцени ја веста

06.08.2015 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега