Сватовите на убиените турски државјани на полиграф
Единствените тројца кои биле во куќата додека е извршено двојното убиство во Козле ги минаа полиграфските тестирања. Ниту сопругата на убиениот, нуту нејзините родители не покажале сомнително однесување, а апартите регистрирале дека ја говорат вистината. Ова барем засега ги исклучува од листата на осомничени, пренесува Сител
Во полициска станица на разговор вчера биле повикани повеќе лица поврзани со семејството во чија куќа вчера утрото беа пронајдени убиените турски државјани. Но полицијата се уште останува без одговор кој го сторил делото двојно убиство.
Во тек е и вештачењето на пронајдените докази, а според информации на Сител во куќата на улица Козе три полицијата покрај безживотните тела пронашла и една чаура.
Од полицијата велат дека се уште се очекува потврда на идентитетот на жртви од страна на турските колеги, кои се уште не ги доставиле нивните досијеа во земјава.
Втор ден по убиство ги нема ниту патните исправи на убиените, поради што нивниот идентитет официјално се води за непознат.
Првичните информации покажуваат дека се работи за 29 годишниот Самет Селџук и неговата 52 годишна мајка Ѓулчин Ерчобан. Во Скопје, покрај кај семејството на снаата посетувале и далечни роднини. Мајката и синот често доаѓале во Македонија, покажале проверките на податоците на граничните премини. Зошто ова беше последно патување и кој го повлекол чкрапалото останува мистерија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа