Австралија ја признава Македонија под уставното име?

 

Дали Австралија ќе биде 135-тата земја која ќе ја признае Република Македонија под уставното име, по Чешка и Унгарија, кои го сторија тоа во февруари годинава.

Обединетата македонска дијаспора од Австралија влева голема надеж во пресврт во австралиската надворешна политика на свечениот чин на доделување на признанието ,,Пријател на Македонија‘‘ на министерот за надворешни работи Боб Кар и на пратениците од власта и опозицијата и ко-претседавачи со австралиско-македонската парламентарна група на пријатели - Стивен Џонс и Лук Симпкинс, пренесува Сител

Според очекувањата на австралиските македонци чинот треба да се случи на Гала вечера посветена на унапредување на австралиско-македонските односи.

,,Го поканивме министерот да ни биде специјален гостин и тој ќе даде еден говор во петок навечер во Сиднеј за унапредување на врските помеѓу Австралија и Македонија, а исто така во подготовките на оваа свечена вечер, пратеникот Стивен Џонс пред 2-3 недели одржа многу убав говор во Парламентот на Австралија во кој јасно кажа дека 2-те политички партии, Владата и опозицијата треба да ја признаат Репуиблика Мкедонија под уставното име и спомна дека 5. јули е навистина идеален датум за ова да се случи. Се надеваме на позитивен исход, меѓутоа додека не каже министерот: Признато е!, не можам да ви кажам вечерва дека 100% ќе не признаат‘‘, вели Ордан Андреевски од Обединетата македонска дијаспора од Австралија.

Признавањето на Македонија под уставното име е исклучиво во ингеренции на министерот за надворешни работи и за тоа не е потрбна согласност од Парламентот, иако според Андреевски Над 90 проценти од австралиските пратеници го одобруваат тој чекор, а единствено против се двајцата парламентарци со грчко потекло.

Инаку, Боб Кар е првиот австралиски министер за надворешни работи кој покажал почит за македонската заедница во земјата и кој ни се обраќа со Македонци, а не со „вашиот народ“, „вашата заедница“ и прв кој посетил една од македонските заедници во Австралија.

Кар, според ОМД, увидел оти македонската заедница во Австралија дава значаен придонес во бизнисот, спортот, образованието и индустријата и оти австралискито општество е збогатено со македонската култура, наследство и традиција.

најчитано сега