Се трага по зетот кој го уби таткото и рани братот на екс сопругата во Куманово
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место за случениот вооружен напад во кој животот го загуби едно лице.
-Вооружениот напад се случил претпладнево, кога осомниченото лице, државјанин на Косово кој привремено престојувал во Швајцарија, со огнено оружје ранил две лица, и тоа таткото и братот на неговата поранешна сопруга. На прострелните рани веднаш им подлегнал седумдесет и едно годишниот Р.Р. од Куманово, се вели во соопштението од ЈО.
На триесет годишниот син кој се здобил со тешки телесни повреди му се пружа медицинска помош.
Осомниченото лице во моментов е недостапен на органите на прогонот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа