Мајка и син убиени во скопската населба Козле

Мајка и син утрово се убиени во куќа во скопската населба Козле, дознава Press24 од полициски извори. Според нашите информации, мајката и синот биле турски државјани кои биле дојдени на гости кај своите сватови во нивната куќа во Козле, каде што и се убиени. Од полицијата потврдуваат дека се случило двојно убиство на улицата Козле но не откриваат повеќе детали. Во моментов се врши увид, а нема информации за евентуални осомничени сторители.

 

 

 

 

Оцени ја веста

28.07.2015 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега