Уште еден загинат - камион прегази пешак во Тетово
Лицето Н.В. на возраст од околу шеесет години денеска околу 12 часот и 45 минути го загубил животот откако бил прегазен од камион со приколка со кумановски регистарски таблички што го управувал А.М.(32) на крстосницата од улиците „Борис Кидрич“ и булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово.
Според очевидци на настанот, пешакот бил зафатен од приколката додека ја минувал улицата и не забележал дека на камионот има и приколка. Полицијата извршила увид заедно со истражен судија, јавен обвинител и лекар по судска медицина и се работи на расчистување на сите поединости. Кај починатиот не биле пронајдени никакви лични документи.
Претходно, велоспиедист беше прегазен во сообраќајна несреќа во Кичево