ВИДЕО: „Ако не попуштиме ќе не снема“ - Тито Петковски би го сменил името на Македонија

Претседателот на НСДП, Тито Петковски, во своето гостување во дебатната емисија 24Анализа, индиректно ги потврди своите ставови кои пред една година ги изнесе во македонското Собрание, кога бараше промена на името со географска одредница Горна или Северна.

Петковски, дискутирајќи за спорот за името како пречка за ЕУ и НАТО, покажа дека е свесен оти проблемот со името, идентитетот и јазикот е наметнат од грчката страна, односно дека Грција сака да не снема како народ. Сепак, лидерот на НСДП,  повторно повика на отстапки од македонската страна доколку сакаме да влеземе во ЕУ и НАТО.

-Немојте да мислите дека ќе ја измориме Грција. Чекајќи од еден самит на друг, ние не попуштаме, Грција не попушта, таа ќе се консолидира а Македонија ќе се разнебити. Дали некој размислува што ќе се случи ако оваа македонска неизвесност продолжи? Ако не станеме во догледно време членки на НАТО ние ќе исчезнеме, истакна Петковски во 24 Анализа, давајќи до знаење дека е подготвен да го смени името доколку дојде на власт. 

Тито Петковски, пред една година, од говорницата во македонското Собрание посочи дека е потребна промена на името на државата.

Погледнете го гостувањето на Петковски во 24 Анализа.

 

најчитано сега