Две скопјанки задржани на Трауматологија и Неврохирургија - како се опоравуваат повредените од сообраќајката во Волково
Само две пациентки од тринаесетте повредени во вчерашната сообраќајка кај Волково се задржани во болница, пишува Здравство24.
Според порталот, на клиниката за Трауматологија е хоспитализирана една повозрасна жена, која морала да биде оперирана поради повреди на колкот. Другата пациентка заработи повреди на главата и ќе остане уште еден-два дена на клиниката за Неврохирургија. Состојбата на двете пациентки е стабилна, пишува здравство24 повикувајќи се на свои извори од скопскиот Ургентен.
Двете повредени дечиња, од кои едното на една година, а другото на седумгодишна возраст синоќа биле пуштени на домашно лекување. Дома биле испратени и останатите повредени, меѓу кои и возачитена автобусот и камионот.
Несреќата се случи вчера околу 14 часот близу училиштето „Тихомир Милошоски“ во скопско Ново село. Камионот удрил во приватниот автобус со број 22 полн со патници, по што автобусот влетал во училишниот двор. Во сообраќајката беа повредени 13 лица.