Пронајдено оружјето со кое е убиен командант Шипоња

 

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место за вчерашната престрелка во која животот го загуби четириесет и петгодишен жител на Куманово.

-Поради основано сомнение дека делото го сториле две лица  истите се лишени од слобода. Кај нив е пронајдено и огненото оружје со кое е сторено убиството. Надлежниот обвинител издаде наредби  за вршење обдукција, за вештачење на оружјето , на видео записи и траги од местото на настанот, соопштуваат од Јавното обвинителство.

Во престрелката се повредени две лица, на кои им е пружана медицинска помош.

Обвинителството продолжува со расветлување на настанот.

 

Оцени ја веста

24.07.2015 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега