Расчистено пукањето во Куманово - ова се деталите

 

Осум лица учествувале во инцидентот во кој попладнево беше убиен функционерто на ДУИ командант Шкипоња. Според информациите до кои дојде Пресс24, од едната страна биле пет лица меѓу кои и убиениот и двајцата повредени, додека на другата имало три лица. До сега полицијата има обезбедено 4 лица,а уште две се во болница. Според информациите обезбедени се и двајца сведоци, а целиот инцидент е снимен и на безбедносните камери.

Медиумите кои известуваат на албански јазик напишаа дека станува збор за пресметка помеѓу поранешното и актуелното раководство на ДУИ во Куманово.

 

 

 

Оцени ја веста

23.07.2015 - 22:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега