Апликација која ја препознава калориската вредност на храната од фотографија

 

Со помош на вашиот мобилен ќе имате можност да забележите колкава количина на храна и калории внесувате секојдневно и како намирниците кои ги употребувате влијаат на вашата силуета.

Станува збор за програмата наречена Im2Calories која ќе биде поврзана со социјалните мрежи како што е Instagram и таговите кои се врзуваат со храна како што е на пример, #instafood кои Gооgle веруваат дека ќе станат уште поупотребувани и користени.

Оваа апликација Google уште изминатата година ја купил од компанијата DeepMind која се занимава со развој на вештачка интелигенција.

Сè уште се работи на континуирано подобрување на апликацијата, но голема е сигурноста дека веднаш по нејзиното претставување ќе најде големи симпатии меѓу корисниците на паметните телефони и на оние кои се грижат за својата линија или пак сакаат да ја намалат тежината.

 

 

Оцени ја веста

22.07.2015 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега