Клисовиќ: Прашањето за името не смее да се шири - патот на Македонија кон ЕУ не смее да се забави

 

Хрватскиот заменик-министер за надворешни работи и европски прашања Јошко Клисовиќ рече дека Хрватска ја поддржува и поттикнува Македонија на нејзиниот европски пат, додека во Европскиот парламент зборуваше за европските перспективи на секоја од земјите во  регионот, пренесува МИА.

- Знаеме поради кое прашање не почнаа преговорите во формална смисла. Во таа смисла  последниот предлог на преговоарачот на ОН Нимиц заслужува да се разгледа и двете држави  потребно е да му дадат соодветно внимание на таквиот предлог. Бидејќи,  според мене, дојде време да се донесе одлука и по тоа прашање, рече Клисовиќ.

Претставникот на хрватската влада пред европратениците во Стразбур категоричен:

- Прашањето за името не смее да се шири понатаму и на другите прашања, за да не се забави патот на Македонија како нова европска држава, рече хрватскиот заменик-министер за надворешни работи и европски прашања.

Тој ја потврди определбата на Хрватска да им даде поддршка на сите партнери од Југоисточна Европа на нивниот пат кон ЕУ, бидејќи подобар пат за реформите нема. 

- Не треба да се има страв од проширувањето во другите земји, бидејќи сите земји кои ќе станат членки на ЕУ,  во неа ќе влезат по ригорозниот претпристапен процес, кога ќе треба да се усогласат самите себеси со стандрадите на ЕУ и ќе внесат нова перспектива и нова верба во европскиот проект, а таа верба ни е силно потребна, нагласи Клисовиќ.

Хрватска како нова членка на Европската унија ќе се залага за продолжување на процесот на проширување и ќе им помага на земјите-кандидати да напредуваат на тој пат, беше заклучено во Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент посветена на  земјите од регионот.

Претседателот на парламентот на Хрватска Јосип Леко обраќајќи им се на европските пратеници потстети дека денес регионот на Балканот и Југоисточна Европа по почетокот на процесот од Солун  е целосно трансформиран.

- Посебно ја поддржувам веродостојната политика на проширувањето на ЕУ како подвижна сила на реформите во државите опфатени со процесот на проширување. Цврсто сум уврен дека магичниот процес на проширувањето се уште не е завршен и дека тоа мислење го делат моите колеги од регионот, истакна Леко. Тој притоа нагласи дека Хрватска ќе продолжи да го дели своето искуство од пристапувањето во ЕУ, со цел да придонесе за соработката, зачувување на стабилноста и унапредување на развојот на Југоисточна Европа.

Според претседателот на хрватскиот парламент, процесот на пристапување во ЕУ е сложен и со големи предизвици, но не смее да се запира зашто се исплаќа да се работи на него. 

најчитано сега