Ќе се „вариме": Идната недела пекол - температури над 40 степени!

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло, со мала локална облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 21 степени, а дневната од 30 до 37 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура  ќе се спушти до 16, а дневната ќе достигне до 35  степени.

Следува период на стабилно, суво и топло време. Во почетокот на наредната недела се очекува да биде уште потопло, кога на места можно е дневната температура да достигне и до 40 степени.

 

 

Оцени ја веста

16.07.2015 - 09:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега