Груевски: СДСМ беше приклештена, не можеше да избега од изборите (ВИДЕО)

СДСМ беше приклештена да не може да избега од изборите во април 2016, рече премиерот Никола Груевски на прес-конференцијата.  

-ВМРО-ДПМНЕ преговараше самоуверено  и не им остави ни најмал простор да избегаат од изборите. ВМРО-ДПМНЕ и јас како нејзин претседател како и секогаш до сега интересите на државата и интересите на државата и интересите на народот ги ставивме пред личните и пред партиските интереси, знаејќи дека СДСМ ќе ја искористи секоја и најмала можност да избега од изборите,знаејќи дека нивната цел е континуирана криза во државата која ќе ја подрие нашата економија, знаејќи дека тие само во една атмосфера на дестабилизација и криза, прилично себично кон народот ја гледаат својата шанса. Ние постигнавме договор во кој СДСМ се враќа во Парламентот на 1 септември. Како системско решение отсека па за сите парламентарни избори 100 дена пред секои парламентарни избори Владата ќе се повлече и ќе се формира Влада за спроведување на изборите, рече Груевски.

Во случајов, рече Груевски, ова ќе значи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе номинира привремен премиер за период од 100 дена, почнувајќи од 15-ти јануари 2016-та, до изборите кои ќе се одржат на 24-ти април 2016-та

-За да не може некој да има алиби и зиговори за резултатите од зиборите се согласивме почнувајќи од 20-ти октомври, па до изборите, СДСМ по претходна консултација со ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да даде предлог за технички министер за внатрешни работи, што значи личност која на ниту еден начин не се поврзува со ниту една политичка партија. Воедно,отворивме можност СДСМ да предложи министер за труд и социјална политика од ситито датум. Истовремено, во овие две министерства, ВМРО-ДПМНЕ ќе именува свои заменици министри со право на увид и вето за сите прашања поврзани со изборите, рече Груевски.

Тој нагласи дека такви заменици министри ќе бидат номинирани од страна на СДСМ во минситерството за финансии, земјоделство и министерството за информатичко општество и администрација.

 

 

Оцени ја веста

15.07.2015 - 15:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега