Кинезите го одложија судењето Груевски - Петковски
Денешниот судски процес во кој премиерот Никола Груевски го тужи Тито Петковски за клевета, е одложен за 11. јули.
Денеска во судницата каде требаше да се одржи рочиштето, не се појавија ниту премиерот Никола Груевски, ниту претседателот на НСДП, Тито Петковски.
- Јас не бев на рочиштето, Груевски е на пат, за што да одам? Ме тужи за изјава во „Фокус“ каде коментирам дека Груевски прифати промена на името. Ова е прво подготвително рочиште и го одложија за 11-ти, изјавил Петковски за порталот „Плусинфо“.
Инаку, претседателот на Владата, Никола Груевски, заедно со владина делегација која ја сочинуваат министерот за надворешни работи, Никола Попоски и министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции, Веле Самак, од вчера престојува во официјална посета на Народна Република Кина.