Влезниците за Светското првенство во Бразил ќе бидат најевтини во историјата на Мундијалите
Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) соопшти дека влезниците за претстојното Светско првенство во Бразил 2014 година ќе бидат најевтини во историјата на Мундијалите.
Од ФИФА изјавуваат дека билетите за 70% од натпреварите на СП во Бразил ќе бидат поевтини отколку на средбите од претходниот шампионат. Се очекува конечните цени да бидат објавени на 19 јули.
Додека се одржуваше ова натпреварување низ улиците на повеќе бразилски градови беа организирани масовни протести поради големите трошоци кои државата ги вложува за подготовка и организација на СП.
ФОТО: А1.он