Нуланд: Договорот од 2 јуни ќе ја реши кризата во Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска оствари средба со Викторија Нуланд, помошник државен секретар на САД задолжен за европски и евроазиски прашања.

По средбата Груевски изрази задоволство од срдечниот, отворен и конструктивен разговор.

-Заеднички констатиравме дека односите меѓу нашите две држави се одлични и се карактеризираат со отворен и континуиран дијалог и соработка, а се засновани на принципите од Декларацијата за стратешко партнерство и соработка од 2008 година. Разговаравме за нашата стратешка определба, за што е можно поскоро зачленување на Република Македонија во НАТО како и за потребата од итно започнување на преговорите за членство во Европската Унија, изјави Груевски.

Во пресрет на следниот самит на Алијансата во Варшава, идната година исполнетоста на критериумите за членство и учеството на припадниците на АРМ во повеќе мировни мисии на Македонија и дава потполно право за инсистирање за надминување на сите пречки за членство.

 

-Грчко-македонските разговори за надминување на разликите околу името треба да продолжат. Потребен е конструктивен пристап кон ефикасно решавање на наметнатите разлики и со добра волја и желба за успех, со склад со демократските принципи и со меѓународното право, подвлече Груевски.

Билатералните мерки за јакнење на довербата кои неодамна беа договорени Груевски ги оцени како добар чекор.

-Со ѓ-га Нуланд разговаравме и за актуелната внатрешно политички состојби и предизвици во Република Македонија, евроатланските вредности ни се водилка и во разрешувањето на тековните политички премрежја чие решение е единствено можно како правен, институционален и политички процес, во согласност со уставниот поредок и воспоставените начела на демократија и владеење на правото, подвлече Груевски.

Во контекст на развојот на билатералните односи, додаде Груевски на средбата било констатирано дека економската соработка заостанува зад одличните политички односи.

-Затоа пак роуд-шоуата организирани во неколку наврати во минатите години несомнено дадоа дополнителен импулс во привлекување на нови американски компании во Република Македонија. Дел од нив веќе отворија свои капацитети , а дел градат нови или дури и дополнитени капацитети во кои отвораат голем број на нови работни места, истакна премиерот.

САД е пријател и партнер  на Македонија веќе 20 години и за тие 20 години ние ја поддржуваме и охрабруваме евроатланската интеграција на Македонија.

-Политичката криза направи да биде многу тешко за лидерите да се фокусираат на евроатланските цели затоа мора да го надминеме тоа. Сега е време да се стави крај на оваа криза. Нам ни е мило што заедно со ЕУ, амбасадорот Бејли, еврокомесрот Хан се обидуваме да ги собереме партиите заедно околу еден пакет на разбирање кој ќе и овозможи на Македонија да се врати назад на избраниот пат, порача Нуланд.

Нуланд заклучи дека во Македонија има добра клима и волја за разрешување на политичката криза и порача дека колку побрзо се разреши истата толку побрзо луѓето ќе се вратат на својот нормален живот, економскиот развој, понатамошното привлекување на инвеститори, на сите оние работи кои ја прават Македонија силна и просперитетна.

Нуланд истакна дека заедно со еврокомесарот Јоханес Хан, работеле на пакет договорот од 2 јуни и очекува за време на неговата утрешната посета да се надминат и последните неколку нерешени прашања од договорот. 

 

 

 

 

Оцени ја веста

13.07.2015 - 13:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега