ФЗОМ со повик за склучување договор со аптеките од руралните средини

 

ФЗОМ денеска упати повик до 25-те аптеки од руралните средини што добиле решение дека се во мрежа од Министерството за здравство, за склучување договор за 2013 година со тоа што за секоја аптека ФЗОМ ќе издвои по 113 илјади денари месечно.

- За извршените здравствени услуги, Фондот како купувач на здравствени услуги склучува и раскинува договори со здравствените установи. За да може аптеката која добила решение за вршење дејност во мрежата на здравствени установи од страна на Министерството за здравство, да достави барање да склучи договор со ФЗОМ потребно е да поднесе барање за склучување договор за 2013 година, изјави на прес-конференција директорот на Фондот, Јован Грповски.  

ФЗОМ има склучено договори со аптеки во селата Брвеница, Теарце, Јегуновце и Вратница, тетовско, Ракотинце, Ново Село, Буќовиќ, Глумово, Долно Свиларе, Петровец, Мирковци и Марино, скопско, Нагоричане и Матејче, во кумановско, Могила и Новаци, битолско, Форино, гостиварско, Карбинци, штипско, Моноспитово и Иловица, струмичко, како и во Крива Паланка, Пехчево, Демир Капија и две аптеки во Неготино.   

Станува збор за вкупно 729 аптеки.

ФОТО: Дневник

најчитано сега