ФОТО: Општина Аеродром го доби 9-тиот нов модерен парк

Општина Аеродорм доби уште еден нов модерен парк. На официјалното пуштање во употреба присуствуваше премиерот Никола Груевски, градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и на Аеродром, Ивица Коневски.

Sequence-02.00 06 23 06

Паркот е изграден на површина од околу 3000 метри квадратни и содржи пешачки патеки, водени површини, езеро со фонтани, водопади и детско игралиште.

Градоначалникот Коневски посочи дека постојните дрвја на оваа локација се задржани, а паркот е збогатен со ново зеленило и цвеќе.

-Со новиот парк не само што сакавме да создадеме уште едно пријатно катче за престој, туку и да ја продолжиме традицијата на унапредување и заштита на животната средина и на градење на паркови во Аеродром, по кои стана препознатлива општината, истакна Коневски.

 

 

Оцени ја веста

11.07.2015 - 14:50Ап

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега