Да ви умре најмилото - приврзаник на Вранишковски фрли клетва врз новинарите

 

-Ако сум виновен јас, јас да умрам. Ако сте виновни вие, вам да ви умре најмилото, им порача Давид Нинов, приврзаник на расчинетиот владика на МПЦ, Јован Вранишковски и обвинет во случајот „Расколник“, на новинарите кои го следеа судскиот процес.

Утрово во основниот суд Скопје 1, деветнаесетмината обвинети на чело со Вранишковски, требаше да ја слушнат својата пресуда за „Расколник“, но, судот одлучи да го врати случајот во доказна постапка. Во судницата беше повикан сведок кој му испратил писмо на Вранишковски во затворот, во кое барал средба со него. Сведокот пред судот изјави дека на Вранишковски му продал земјиште за кое бил ополномоштен а се наоѓало до неговиот имот, тврдејќи дека повеќе пати се среќавале и договарале со расчинетиот Владика. 

Вранишковски, пак, пред судот реагираше дека сведокот е лажен, обвинувајќи дека го местат лица кои не го ни познаваат.

 - Судот е подведен од инструкции кои ги прима надвор од суската палата. Оваа е игра на местење на лица кои не ме познаваат, кои не знаат ниту време, ниту место кога и каде сме се сретнале, иако станува период од 5 години. Сведокот од толку средби не може да наведе ниту една година кога сме се сретнале, а не пак време, месец или час. Досега не постоеја факти и докази против мене. Денеска со измислен сведок сакате да донесете решение на штета на обвинетите - се побуни Вранишковски.

Одбрана исто така обвини дека сведокот е лажен и побара од судот да не го земе предвид неговото сведочење. Адвокатот на Вранишковски, Александар Тортевски побара како доказ да бидат доставени полномоштвата кои сведокот ги има за земјиштето кое наводно му го продал на расчинетиот Владика.

Судијата даде пауза, а дел од обвинетите го истурија својот револт врз новинарите кои го следеа денешниот судски процес. Давид Нинов, облечен во попска одежда ја упати клеветата кон новинарите, по што, мораше да интервенира судската полиција за да го врати мирот во судницата. 

ФОТО: bnr.bg

најчитано сега