Тито Петковски ќе се „заглави“ 15.000 евра кај премиерот Груевски?

 

15 илјади евра ќе треба да плати лидерот на НСДП Тито Петковски доколку Судот ,во процесот кој против него го поведе премиерот Никола Груевски утврди дека не ја говорел вистината кога дал изјава дека Груевски се согласил со промена на името во Република Македонија (Скопје)
Судскиот процес пред граѓанскиот суд стартува утре.
„Мојот предлог Груевски јавно да соопшти, односно да го повтори својот став од 2008 година, Груевски го доживеа како штетно по неговиот углед и чест! Особено што… “тужителот секогаш изјавува дека нема да прифати ниту едно решение за проблемот на името без спроведување на референдум“. Повредата на честа и угледот цитирам „кај тужителот предизвика јака душевна болка“, која може да се излекува само со 950.000 денари или со 15.000 евра. Се разбира за таквата душевна болка нема наод на вешто лице“ - рече Петковски
Реагираа од владејчката ВМРО-ДПМНЕ
„Изјавите на Тито Петковски ниту се пишувани од ВМРО-ДПМНЕ ниту му се сугерирани од ВМРО-ДПМНЕ, туку претпоставуваме дека се лично тврдење или став на господинот Петковски. Ако тој е сигурен во своите изјави и тврдења и ако не ја лажел јавноста, нема зошто да се плаши од можноста да ги докаже истите во предвидена законска постапка. Неговата денешна реакција ја разбираме само како одраз на свеста на Петковски дека неговите ставови не се ниту вистина, не се ниту прифатени од мнозинството на граѓани на Република Македонија, тој е свесен за тоа. Впрочем, тој е единствениот пратеник во македонското Собрание што на седница на Собранието побарал промена на државното име на Република Македонија“, се наведува во писмената реакција од владејачката партија.

најчитано сега