Водителката Маријана викала и пцуела пред децата на „Пинкови Ѕвездички"

Маријана Мичиќ, водителката на „Пинк ѕвездички" збеснала пред прогласувањето на победникот на шоуто. Како што пишува српскиот Курир, водителката се изнервирала кога сфатиле дека и ги нема листовите, па почнала да вика и да пцуе пред дечињата. 

- Кога се симна од сцената да се одмори додека натпреварувачот пееше, направи хаос. Почна да драматизира бидејќи и ги немаше листовите, па викаше и пцуеше пред дел од натрпеварувачите и публиката, а потоа откако организаторот и го донесе тоа што го бара, се налути уште повеќе бидејќи и ги преместувале работите, вели извор.

Потоа, Маријана се смирила и со насмевка на лицето откако и ја поправиле шминката, излегла на сцена и продолжила да го води шоуто.

 

 

Оцени ја веста

07.07.2015 - 08:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега