Тој бил невин, таа разведена - исповед на фризерката која го оставила своето бебе за тинејџер
Ја викале најлошата мајка на светот. Карен Ведер од Калифорнија имала 30 години кога го оставила своето родено дете и се преселила во Австралија на другиот крај на светот за да живее со 16-годишниот тинејџер и таа романса трае веќе десетина години.
Карен со гордост раскажувала како својот 16-годишен љубовник во новиот дом секојдневно и правел ручек, а затоа таа секојдневно го возела до училиште. Се набрзо се претворило во скандал па некои влијателни австалиски политичари побарале карен да се депортира во родната Калифорнија.
Сепак, прашината по некое време легнала, а Карен и денес 25-годишниот Џејмс Бери и понатаму се заедно.
- Луѓето мислеа дека сум блесава бидејќи сум побегнала со 16-годишно дете кое г запознав преку Интернет, но морав да го следам моето срце. И пред да го запознам во живо знаев дека ќе се венчаме, раскажала Карен.
Во првата голема исповед по долго време открила дека таа и Џејмс имаат две деца, а со нив живее и нјзинта ќерка Аманда која на 2-години ја остави во Калифорнија.
Толку сакав да бидам со Џејмс што ништо не можеше да ми застане на пат: Не жалам за ништо, среќни сме како никогаш до сега. Кога ми рече дека е невин, останав во шок, се сеќава Крен и додава дека нема грижа на совес за тоа што ја оставила својата ќерка бидејќи тогаш се грижел нејзиниот татко.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа