Трогателна животна приказна на Марија - на кого ја посвети победата Ѕвездичката на Пинк?
Жестоката борба во музичкото шоу „Пинкови ѕвездички“ заврши со победа на Марија Сердар, а нашиот Трајче е на второ место.
По завршувањето победничката даде емотивна изјава за српски медиум:
„За време на натпреварувањето ме поддржуваа членовите на семејството и тие секогаш беа за мене тука. Затоа и оваа победа ја посветувам на семејството, особено на мама и на тато. Татко ми Милан го гледам ретко, бидејќи работи во странство, но тој е со мене и кога не е физички присутен“, изјави Марија и додаде дека нејзиниот татко после емисијата и се јави да и каже дека таа е негов шампион.
Младата Марија не верувала дека баш таа ќе ја освои публиката на Балканот и откри дека до самиот крај мислела дека Трајче ќе победи.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа