Охриѓанец ја оштетил фирмата каде работел за 145.000 денари
Раководител на акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од Охрид си заработи кривична пријава поради злоупотреба на службената положба.
Се работи за охриѓанец кој во текот на 2010 и 2011 година, без да спроведе постапка согласно Законот за јавни набавки, склучил договор со Агенцијата за обезбедување на имот и лица „Питон“ ДООЕЛ Охрид заради обезбедување на две станбени згради за период од две години, изградени од страна на Акционерското друштво, од кои едната била наменета за вдомување на ранливи категории на граѓани, а по истекот на договорот, пријавениот самоиницијативно ги продолжил склучените договори за обезбедување без да бидат потпишани анекси на договорите.
Со тоа итриот охриѓанец причинил материјална штета на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор во износ од 144.655 денари.