Скопје: Пукал со воздушна пушка од тераса - погодил 9 годишно девојче

 

30 годишна жена од скопско Инџиково вчера во полицската станица Гази Баба пријавила дека нејзиниот 39 годишен сосед Б.М. пукал со воздушна пушка од терасата на својот дом при што ја погодил нејзината 9 годишна ќерка. Како што информира полицијата, девојчето си играло надвор во моемнтот кога дијаболата ја погодила во десната рака. Веднаш била однесена во Поликлниката Сингелиќ каде и е укажана лекарска помош и пуштена е на домашно лекување.
Од полицијата најавуваат мерки за целосно расветлување на случајот

најчитано сега